ПРВ.мк

Изненадувачки: Колку заработува папата, а колку кардиналите во Ватикан?

Изненадувачки: Колку заработува папата, а колку кардиналите во Ватикан?
Jumbo Banner

Што се знае за економијата на Ватикан по смртта на папата Франциско?

Со смртта на папата Франциско на 21 април, повторно се актуелизираат прашањата за внатрешното функционирање на Ватикан, особено на економски план. Иако папата формално не прима плата, сите негови трошоци – од храна до патувања – ги покрива Светата столица. Франциско, познат по својот скромен животен стил, одбиваше луксуз и живееше во поедноставено сместување наместо во традиционалната папска палата.

Во документарецот „Амин. Одговорот на папата“, тој изјави: „Ништо не ми плаќаат. Кога ми требаат пари, одам да побарам.“

Од друга страна, службениците во Ватикан – како кардинали, свештеници и лаици – добиваат месечни плати. Кардиналите земаат околу 5.000 евра, свештениците меѓу 1.500 и 2.500 евра, а лаиците, во зависност од позицијата, добиваат меѓу 1.200 и 3.000 евра, со дополнителни бенефиции како евтино сместување и здравствено осигурување.

Во 2021 година, поради финансиската криза влошена од пандемијата, папата нареди намалување на платите и бенефициите на високите службеници. До 2023 година, буџетскиот дефицит на Ватикан надминал 83 милиони евра, поради што Франциско повика на дополнителни мерки за штедење.

Иако лично поседувал само околу 100 долари, нето-вредноста на Ватикан се проценува на 10 до 15 милијарди долари. Погребот на папата Франциско ќе се одржи во сабота.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран