ПРВ.мк
Спорт

Хакерски напад два пред почетокот на Олимписките игри - еве кој е вмешан!

Хакерски напад два пред почетокот на Олимписките игри - еве кој е вмешан!
Kristal

Само неколку дена пред почетокот на Зимските олимписки игри, Италија се соочува со сериозен сајбер-инцидент што ја крена безбедносната тревога на највисоко ниво. Според достапните информации, хакерски напади биле насочени кон клучни државни институции, вклучувајќи системи на италијанското Министерство за надворешни работи.

Меѓу целите на нападите се нашле и италијанската амбасада во Вашингтон, интернет-страници поврзани со организацијата на Олимписките игри, како и хотели во Кортина – еден од главните центри на спортскиот спектакл. Тајмингот на нападите дополнително ја зголемува загриженоста, бидејќи свеченото отворање е закажано за петок, а Игрите официјално започнуваат за само два дена.

Случајот јавно го потврди и министерот за надворешни работи Антонио Тајани, кој изјави дека надлежните служби утврдиле дека нападите доаѓаат од руска страна. Според него, истрагата покажала и дека дел од личните податоци се компромитирани.

Имиња и е-пошта адреси на вработени во Министерството за одбрана подоцна се појавиле на „dark web“, што укажува на сериозен пробив во безбедноста. Истражните органи утврдиле дека сајбер криминалците дошле до чувствителните бази преку хакирање на системите на надворешна компанија ангажирана за одржување и градежни активности.

Италијанските власти тврдат дека состојбата е под контрола и дека нема директна закана за Олимписките игри, но истрагата продолжува со засилено темпо. Во сенка на спортскиот спектакл, сајбер-војната очигледно влегува во нова фаза.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo