ПРВ.мк
Македонија

Земјотрес вечерва потресе делови од Македонија - ова е епицентарот!

Земјотрес вечерва потресе делови од Македонија - ова е епицентарот!
Kristal

Вечерва околу 19:50 часот, соседна Грција предизвика потрес што беше почувствуван и кај нас! Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, поддржана од Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес со локална магнитуда M L 3.7, чии тресења стигнаа до неколку градови во Македонија.

Според првичните податоци, најсилно се почувствуван беше во Охрид и околните населби, каде што интензитетот достигна III степени според Европската макросеизмичка скала. Сепак, засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

Сеизмолозите предупредуваат дека иако ова е релативно слаб земјотрес, секое потресување потсетува на сеизмичката активност во регионот, особено во зоните блиску до Грција и Јужна Македонија. Граѓаните се повикуваат на претпазливост и внимателно следење на официјалните упатства.

Иако магнитудата беше 3.7, многумина во Скопје и другите градови го почувствуваа тресењето како кратко, но изненадно потресување на земјата. Дали ова е почеток на серија земјотреси или само изолирана појава – стручњаците ќе даваат детали во следните денови.

Следете ги нашите вести за најновите информации за земјотресите во регионот и препораките од сеизмолозите.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo