ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) Македонскиот фудбал влегува во нова ера: Националната арена светна со ЛЕД екран од 210 метри!

(ВИДЕО) Македонскиот фудбал влегува во нова ера: Националната арена светна со ЛЕД екран од 210 метри!
Kristal

Националната арена доби целосно нов лик, а Фудбалската федерација на Македонија направи потег што ретко се гледа на домашните стадиони. Инсталиран е сопствен ЛЕД екран долг дури 210 метри, со што македонскиот фудбал прави сериозен чекор кон модерните европски стандарди.

Новата инвестиција има јасна цел – подобро искуство за навивачите, поголема видливост за спонзорите и создавање вистински дигитален фудбалски амбиент. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека ова е првпат во земјава рекламите на стадион да не се поставуваат со застарени решенија.

„Досега на стадионите гледавме дрвени табли. Со овој ЛЕД екран правиме вистински исчекор кон современ фудбал. Ова е сопствена инвестиција, без изнајмување и со јасна визија“, порача Омерагиќ.

ПОГЛЕДНИ ВИДЕО

Тој нагласи дека станува збор за исполнување на уште едно ветување и конкретен доказ дека ФФМ работи на професионализација и подигање на стандардите во македонскиот фудбал. Според него, ваквите проекти се неопходни за репрезентацијата, навивачите и целокупниот спортски амбиент во државата.

„Фудбалот е на прво место. Напред Македонија“, порача Омерагиќ, најавувајќи дека федерацијата нема да застане тука и дека следуваат нови чекори за модернизација.

Со новиот ЛЕД екран, Националната арена добива изглед каков што доликува на современ европски стадион – а навивачите, конечно, фудбалско доживување на повисоко ниво.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo