Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, остро го осуди однесувањето на репрезентативците на Сенегал во финалето на Африканскиот куп на нации против Мароко. Сенегалските играчи привремено го напуштија теренот по контроверзни судиски одлуки, вклучително пенал за Мароко и поништен гол за нивниот тим.
– За жал, видовме неприфатливи сцени на теренот и на трибините. Го осудуваме однесувањето на некои навивачи, како и на дел од играчите и персоналот на Сенегал. Неприфатливо е да се напушти теренот на овој начин, а насилството не може да се толерира во нашиот спорт. Секогаш мора да ги почитуваме одлуките на судиите – напиша Инфантино на Инстаграм.
Тој додаде дека очекува дисциплинските тела на Африканската фудбалска конфедерација да преземат соодветни мерки против инволвираните.
















