ПРВ.мк
Спорт

ПОЧНУВА ВИСТИНСКАТА БИТКА! Познати сите осминафинални пресметки – нè очекуваат спектакуларни дуели на Светското првенство

ПОЧНУВА ВИСТИНСКАТА БИТКА! Познати сите осминафинални пресметки – нè очекуваат спектакуларни дуели на Светското првенство

Со завршувањето на групната фаза, официјално е познат комплетниот распоред за нокаут-рундата на Светското првенство. Од овој момент, секој натпревар е елиминациски, а секоја грешка може да значи крај на сонот за титулата.

Возбудувањата започнуваат вечерва со дуелот меѓу Јужна Африка и Канада, додека во следните денови ќе се одиграат низа атрактивни натпревари.

Распоред на 1/16-финалето:

  • Јужна Африка – Канада (28 јуни, 21:00)
  • Бразил – Јапонија (29 јуни, 19:00)
  • Германија – Парагвај (29 јуни, 22:30)
  • Холандија – Мароко (30 јуни, 03:00)
  • Брегот на Слоновата Коска – Норвешка (30 јуни, 19:00)
  • Франција – Шведска (30 јуни, 23:00)
  • Мексико – Еквадор (1 јули, 03:00)
  • Англија – ДР Конго (1 јули, 18:00)
  • Белгија – Сенегал (1 јули, 22:00)
  • САД – Босна и Херцеговина (2 јули, 02:00)
  • Шпанија – Австрија (2 јули, 21:00)
  • Португалија – Хрватска (3 јули, 01:00)
  • Швајцарија – Алжир (3 јули, 17:00)
  • Австралија – Египет (3 јули, 20:00)
  • Аргентина – Зеленортски Острови (4 јули, 00:00)
  • Колумбија – Гана (4 јули, 03:30)

Фудбалските љубители ги очекуваат неколку дерби-пресметки и неизвесни натпревари, а наредните денови ќе стане јасно кои репрезентации ќе продолжат во битката за светската титула, а кои ќе го завршат својот настап.