Италијанската полиција го разнесе добро прикриениот свет на гламурот и криминалот во Милано! Под раководство на челичната обвинителка Бруна Албертини, падна маската на една „агенција за настани“ која всушност служела како параван за најексклузивната мрежа на проституција наменета за светската елита и спортските идоли.
Шокантните детали објавени во „Газета дело Спорт“ откриваат дека фудбалерите имале привилегиран третман. Организацијата нудела специјални пакети кои вклучувале ноќни излегувања во најлуксузните клубови, проследени со „дополнителни услуги“ во хотели со пет ѕвезди веднаш по завршувањето на фудбалските дербија. Бизнисот бил толку добро разработен што во него биле вклучени влијателни ПР агенти и посредници кои ги „пакувале“ овие валкани зделки како легални забави.
Списокот на „Газета“: Се шпекулира дека во тефтерите на организаторите има имиња на актуелни фудбалери од Милан и Интер, но и поранешни репрезентативци кои често ги посетувале елитните ноќни клубови во Милано.
Истрагата открива дека оваа криминална група инкасирала над 1,2 милиони евра, а во нивните тефтери се пронајдени имињата на најмалку 50 познати личности кои треперат од помислата дека нивните тајни може да излезат на виделина. Покрај професионални ескорт-дами, во мрежата биле вовлекувани и многу млади девојки кои биле експлоатирани за огромен профит.
Четворица главни „мозоци“ на оваа операција веќе се соочуваат со тешки обвиненија за перење пари и организирана проституција. Италија е на нозе – кои се фудбалерите кои ќе бидат јавно понижени кога полицијата ќе го објави целосниот список на клиенти?










