ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРЕБОШ НЕ ГИ ЗАБОРАВА ЗАГИНАТИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА „ЛАВОВИ“! Одбележани 25 години од трагичниот настан - еве како изгледал тој кобен ден!

ТРЕБОШ НЕ ГИ ЗАБОРАВА ЗАГИНАТИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА „ЛАВОВИ“! Одбележани 25 години од трагичниот настан - еве како изгледал тој кобен ден!

На 11 ноември се навршуваат 25 години од трагичното загинување на тројцата припадници на специјалната полициска единица „Лавови“ – Драго Маневски, Бобан Трпков и Оливер Петрушевски, кои во 2001 година го загубија животот во заседа во близина на тетовското село Требош.

По повод годишнината од трагичниот настан, Слободан Темелковски се потсети на околностите во кои загинале тројцата полицајци. Како што наведува во своето сведоштво, припадниците на единицата биле испратени на терен со задача да обезбедат локација на која постоеле сомневања дека се наоѓа масовна гробница со телата на 13 киднапирани македонски цивили.

Според неговото сеќавање, при враќањето од извршувањето на задачата, полициската колона била нападната од заседа со ракетни фрлачи и зољи. Во нападот животот го загубиле Драго Маневски, Бобан Трпков и Оливер Петрушевски, а тројца нивни соборци биле повредени.

Темелковски нагласува дека станувало збор за млади луѓе, семејни личности и припадници на единицата кои ја извршувале својата службена задача и покрај опасноста на која биле изложени.

По 25 години од трагедијата, тој упатува порака дека споменот на загинатите полицајци треба да продолжи да се чува, а нивната жртва никогаш да не биде заборавена.

Најнови вести