ПРВ.мк

Чкембари молчеа до 59. минута за жртвите, а потоа грмнаа за Пелистер

Чкембари молчеа до 59. минута за жртвите, а потоа грмнаа за Пелистер
Jumbo Banner

Вечното дерби помеѓу Пелистер и Вардар започна без навивање, како почит за жртвите на трагедијата која се случи во Кочани, при што животот го загубија 59 лица.

Навивачите на Пелистер, познати како „Чкембарите“, молчеа до 59. минута од натпреварот во Битола, кога оддадоа почит за загинатите. Во тој момент извадија парола, а по истекот на 59-тата минута од натпреварот, грмнаа со еден глас, поддржувајќи ги своите „зелени“.

Од друга страна, гостинските навивачи на Вардар, „Комити“, пред почетокот на натпреварот објавија дека не е време за навивање и го одложија своето присуство на трибините во Битола. Овој гест беше целосно разбиран од тифо-сцената и од страна на „Чкембарите“, кои ја почитуваа нивната одлука.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран