Според компанијата за дистрибуција на електрична енергија во Канада, Hydro One, се очекува да бидат потребни неколку дена за да се врати електричната енергија за сите корисници, јавува CBC News.
Како што информираа, сите екипи се на терен со цел што побрзо да ги отстранат последиците од невремето и да обезбедат снабдување со струја во погодените области.
Во некои делови од централниот и источниот дел на Онтарио паднале меѓу 25 и 30 милиметри дожд.
Метеорологот Кристина Кречман изјави дека ледената бура предизвикала сериозни штети на инфраструктурата и домовите, како и дека многу дрвја и далноводи биле урнати.
Вонредна состојба е прогласена во некои градови во Онтарио, како Питерборо и Оро-Медонте.
Надлежните упатија предупредување до возачите да бидат исклучително внимателни поради опасните услови што ги создава замрзнатиот дожд на патиштата.