Русија му понуди нуклеарна централа на Елон Маск за неговата мисија на Марс, пренесува Ројтерс.
Според агенцијата, специјалниот претставник на рускиот претседател, Кирил Дмитриев, изјавил дека Москва е подготвена да размисли за испорака на компактна нуклеарна инсталација за програмата на Илон Маск за истражување на Марс.
Дмитриев додал дека можноста за соработка може да се разгледа преку видео-конференција со основачот на компанијата „Спејс Икс“.