ПРВ.мк

Чави со емотивна изјава за Барселона

Чави со емотивна изјава за Барселона
Vero

Поранешниот тренер на Барселона, Чави Ернандез, најави дека нема намера да се врати во тренерските води пред 2026 година. Откако во мај 2024 година го напушти кормилото на каталонскиот гигант, Чави вели дека му е потребно време за одмор и преиспитување.

Во својата прва сезона на клупата на Барселона, Чави успеа да го освои шампионскиот трофеј во шпанската Ла Лига, но неговиот мандат беше обележан и со интензивен притисок, критики и тензии. Тој не го крие разочарувањето од начинот на кој беше разделен од клубот со кој е длабоко поврзан уште од играчките денови.

„Се уште чувствувам горчина, пред сè поради начинот на кој заминав од Барселона“, изјави Чави. „Не брзам да се вратам, но сакам проект што ќе ми понуди стабилност – да имам четири години за да изградам тим, со доверба и време за работа“.

Тој нагласи дека е подготвен повторно да се посвети на фудбалот, но признава дека не верува дека ќе се соочи со емоционален товар сличен на оној што го доживеа во Барселона.

„Спремен сум повторно да се жртвувам, но не верувам дека ќе страдам како во Барселона. Таму беше премногу емотивно, особено бидејќи јас сум дете на клубот и навивач“, рече Чави, говорејќи искрено за искуството што остави длабок траг врз него и како тренер и како човек.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран