ПРВ.мк

Филипче ги потврдува актуелните градоначалници на Центар и Крушево како сигурни кандидати за нов мандат

Филипче ги потврдува актуелните градоначалници на Центар и Крушево како сигурни кандидати за нов мандат
Vero

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата веќе работи на подготовките за претстојните локални избори, со јасни критериуми за избор на коалициски партнери и кандидати за градоначалници. Филипче истакна дека сè уште немал средба со Арбен Таравари, но дека е отворен за разговор.

„Доколку партнерот којшто го бараме за локалните избори, како политичка партија е партнер со којшто ќе изградиме прво однос на доверба, понатаму соработка којашто ќе значи остварување на програмата којашто ќе биде дадена на локалните избори и взаемно почитување на политичкиот субјект, тогаш тоа ќе биде начинот на којшто ние ќе ги идентификуваме нашите коалициони партнери”, истакна Филипче.

Тој информираше дека СДСМ веќе има потврдени коалициски партнери во рамки на постојната коалиција и дека се работи на консолидација на советничките листи.

„Веќе имаме потврдено коалициони партнери во рамки на веќе постојната коалиција за локалните избори работиме на консолидирање на советничките листи, и за двајца градоначалници сме веќе прилично сигурно дека ќе трчаат на локаните избори и тоа се сегашни актуелни градоначалници на општина Центар, Горан Герасимовски и на Крушево, Томе Христовски”, изјави претседателот на СДСМ.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран