ПРВ.мк

ВЛЕН: Со поддршка од ЕУ, градиме одржлива и праведна иднина

ВЛЕН: Со поддршка од ЕУ, градиме одржлива и праведна иднина
Vero

Движењето ВЛЕН ја поздравува средбата меѓу претставниците на институциите на Северна Македонија и високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, оценувајќи ја како доказ за взаемна посветеност кон напредокот на евроинтегративниот процес.

На овој значаен состанок, првиот вицепремиер Изет Меџити јасно и недвосмислено ја потврди определбата дека европскиот пат на Северна Македонија претставува стратешки и ненеговлив приоритет.

ВЛЕН смета дека само преку искрена соработка со Европската Унија, длабоки структурни реформи и бескомпромисна борба против корупцијата, државата може да се движи кон одржлива, праведна иднина и благосостојба за сите граѓани.

Новата влада, изградена врз јасни принципи на транспарентност и отчетност, е цврсто решена да го врати довербата на граѓаните во институциите и да го забрза процесот на членство во ЕУ, со активна поддршка од меѓународните партнери.

ВЛЕН уште еднаш потврдува дека ќе биде клучен и одговорен фактор во овој историски процес за нашата земја.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран