ПРВ.мк

Омерагиќ: Воска и Гостивар сами ја напуштија лигата, никој не ги исфрли

Омерагиќ: Воска и Гостивар сами ја напуштија лигата, никој не ги исфрли
Vero

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ во разговор за „Топ Тема“ на Телма, меѓудругото зборуваше и за ситуацијата со Воска и Гостивар кои беа исфрлени од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Воска и Гостивар жалејќи се на судењето напуштија натпревари по што стигнаа жестоки казни од ФФМ, како реакција на тоа двата клуба одлучија да ја напуштат лигата.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ смета дека тие намерно се ставиле во ваква ситуација бидејќи виделе дека веќе не можат да функционираат по нивните шеми од минатото.

„Никој не ги исфрли ниту Воска ниту Гостивар, туку тие сами себе се исфрлија со потезите кои ги направија. Тука фудбалската федерација нема никаква вина. Двата клуба бараа некаква причина за да најдат начин за да се повлечат, односно сопствениците на клубовите бараа причина да се повлечат од клубовите бидејќи очигледно повеќе не можеа да функционираат на начин на кој тие би сакале да функционираат, сфатија дека повеќе нема исполнување на желбите како што имаа во минатото. Но, сето тоа е симптоматично, за мене не беше изненадување бидејќи имавме информации дека Воска се подготвува да ја напушти лигата и дека само се чекаше натпреварот со Вардар како причина да биде тоа. Но во суштина правилата постојат. Анархија нема да дозволиме. Судиски грешки имало и ќе има. Во минатото имало судиски грешки и во корист на овие два клуба, меѓутоа никогаш нивните противници не го напуштале теренот“, изјави Масар Омерагиќ.

Претседателот на ФФМ зборуваше и за финалето на Купот на Македонија и шпекулациите дека мечот бил наместен, за скандалозниот дуел меѓу Кожуф и Гостивар, за недоградените трибини во Штип, Охрид и Кичево, за ВАР…

Целиот разговор на Масар Омерагиќ во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран