ПРВ.мк
Спорт

БОМБА ВО ШПАНИЈА: Роналдо купи 25% од овој клуб и влезе во нова ера!

БОМБА ВО ШПАНИЈА: Роналдо купи 25% од овој клуб и влезе во нова ера!
Kristal

Фудбалската икона Cristiano Ronaldo официјално влезе во сопственичките води! Португалската ѕвезда стана ко-сопственик на 25% од акциите на шпанскиот клуб UD Almeria, кој моментално се наоѓа на третата позиција во втората лига во Шпанија.

Трансакцијата е реализирана преку неговата инвестициска компанија CR7 Sports Investments – дел од бизнис-структурата преку која 41-годишниот ас управува со своите глобални вложувања.

Во изјава за медиумите, Роналдо потенцирал дека ова е значаен чекор во неговиот живот надвор од теренот. Тој нагласил дека подолго време размислувал како да придонесе за фудбалот и надвор од играчката улога, а Алмерија ја гледа како клуб со стабилна основа и сериозен потенцијал за раст.

Иако финансиските детали не беа објавени, инвестицијата е опишана како стратешки потег со долгорочна визија.

Претседателот на клубот, Mohamed Al-Khereiji, чија група претходно инвестираше 100 милиони евра во Алмерија, изрази задоволство од партнерството. Според него, искуството на Роналдо во шпанскиот фудбал и неговото глобално влијание ќе бидат клучни за развојот на тимот и младинската академија.

Со овој потег, Роналдо испраќа јасна порака – неговата амбиција не завршува со кариерата на теренот. Новото поглавје веќе започна.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo