ПРВ.мк

Бојан Миовски ќе игра со специјални копачки во чест на настраданите во Кочани!

Бојан Миовски ќе игра со специјални копачки во чест на настраданите во Кочани!
VERO Banner

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20:45 часот) ќе го одигра вториот квалификациски натпревар за пласман на СП 2026 година. Противник на нашата селекција под водство на Благоја Милевски е Велс, а натпреварот ќе се игра на Арената „Тодор Проески“.

Овој натпревар ќе има хуманитарен карактер, бидејќи сите приходи од продажбата на билетите ќе бидат наменети за семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани.

Нашите фудбалери ќе настапат во темни дресови, а Бојан Миовски на теренот ќе носи нови копачки со  македонското сонце, во чест на сите кои ги загубивме во страшната несреќа.

„Секој човек има своја приказна и секој човек има свое животно патување. Навраќајќи се во моето детство додека ги држев моите први копачки, се сетив дека кажав нешто што длабоко посакував: „Еден ден со цело срце ќе играм за мојата земја“ и еве ме, по многу години, играм за Македонија, мојата земја, бисерот на Балканот. Овие специјализирани копачки имаат исклучително значење, со свето нешто – моето национално знаме и иницијалите на моето семејство. На денешниот натпревар за македонската репрезентација, ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме на 16.03.2025 година, за сите кои се уште се борат за своите животи и за сите семејства. Нека почиваат во вечен мир упокоените души, сите мои молитви за повредените“,

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран