ПРВ.мк
Спорт

ИСПИШАНА ИСТОРИЈА: Матеј Белистојановски со злато се враќа од Кипар - ова е момчето што не направи горди!

ИСПИШАНА ИСТОРИЈА: Матеј Белистојановски со злато се враќа од Кипар - ова е момчето што не направи горди!
Kristal

Најголемата радост и најсјајниот момент за македонската карате-репрезентација го донесе Матеј Белистојановски, кој во категоријата У21 до 67 килограми стигна до златниот медал и уште еднаш ја потврди својата извонредна форма и континуиран напредок. Низ целиот шампионат тој настапуваше сигурно, самоуверено и доминантно, оставајќи впечаток на натпреварувач со јасна визија и зрел тактички пристап.

Во финалната борба, Белистојановски покажа максимална концентрација и дисциплина, контролирајќи го ритамот од почеток до крај. Со резултат 2-0 тој го совлада грчкиот претставник Георгиос Балиотис и заслужено се искачи на највисокото скалило од пиедесталот, носејќи злато за Македонија од силна европска конкуренција.

Патот до титулата беше исполнет со серија импресивни победи. Македонскиот каратист убедливо го совлада Микита Бахамолетс со 9-1, потоа беше подобар од Ригерс Рами од Албанија со 5-1, од Џо Галагер од Шкотска со 4-1, како и од Амине Еја од Белгија во драматичен меч кој заврши 5-4. Во полуфиналето, Белистојановски уште еднаш ја покажа својата ментална цврстина и со идентичен резултат 5-4 го елиминираше Украинецот Назарии Праничук.

Одличен успех за македонските бои оствари и Немања Младеновиќ, кој во категоријата кадети над 70 килограми се избори за сребрен медал. Со борбен настап и сериозен пристап, тој стигна до финалето и ја потврди својата голема перспектива на меѓународната сцена.

Запазени настапи имаа и другите македонски натпреварувачи. Марко Џорлев, кој се натпреваруваше кај кадетите до –63 килограми, го заврши првенството на петтото место, откако настапи во мечот за бронзен медал и беше на чекор до ново одличје. Мерван Мемеди, во категоријата кадети до –52 килограми, со неколку значајни победи успеа да се пласира меѓу најдобрите осум, што претставува одличен резултат во исклучително силна европска конкуренција.

Настапот на македонските каратисти уште еднаш покажа дека националното карате има сериозен квалитет, потенцијал и генерации кои ветуваат големи успеси и во иднина.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo