ПРВ.мк
Спорт

ЃОКОВИЌ СО ГОЛЕМА ПОРАКА: Ѝ честиташе на Лина Ѓорческа и најави посета на Македонија

ЃОКОВИЌ СО ГОЛЕМА ПОРАКА: Ѝ честиташе на Лина Ѓорческа и најави посета на Македонија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го оствари најголемиот успех во својата кариера со пласман на главниот турнир на Вимблдон, со што стана првата Македонка која настапила на еден Гренд слем турнир. Таа успешно мина три квалификациски кола, а во првото коло од главниот турнир ќе игра против финалистката од минатата година, Аманда Анисимова.

Нејзиниот успех не остана незабележан ниту од најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, кој испрати честитки и порака за македонскиот тенис.

Ѓоковиќ истакна дека го следел настапот на Ѓорческа и дека ѝ упатува големи честитки, како и признание за историскиот успех на македонскиот тенис.

Тој порача дека ваквите резултати можат да бидат инспирација за младите во Македонија да се занимаваат со тенис и да веруваат дека е можно да се стигне до највисоко ниво.

Во својата изјава, Ѓоковиќ се осврна и на развојот на тенисот во регионот, наведувајќи примери од Србија и Хрватска, и посочи дека тенисот е спорт кој бара големи ресурси и услови за развој.

Тој изрази задоволство од успехот на Ѓорческа и додаде дека со задоволство би ја посетил Македонија во блиска иднина.

Ѓоковиќ исто така најави дека би сакал да организира средби и активности со македонски тенисери, меѓу кои ги спомена и Лина Ѓорческа и Калин Ивановски, со кого неодамна имал можност да тренира.

На крајот, тој порача дека ќе продолжи да ги поддржува младите тенисери од регионот и да помага во развојот на тенисот на Балканот.