ПРВ.мк
Спорт

Димитриевски им се извни на тренерот и соиграчите – ова е причината за што клубот ке го казни

Димитриевски им се извни на тренерот и соиграчите – ова е причината за што клубот ке го казни
Kristal

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, се врати во Валенсија по репрезентативната пауза, во која националниот тим одигра 0:0 со Летонија и доживеа пораз од 7:1 во Велс во квалификациите за Светското првенство.

По враќањето на „Местаља“, Димитриевски дозна дека ќе биде парично казнет поради изјавите што ги дал во „Лазаров подкаст“. Голманот откри дека минатата сезона го изгубил местото во стартната поставеност откако Ливерпул одлучил да го остави на позајмица Мамардашвили уште една година. Тој, исто така, бил шокиран од тоа што дознал дека соиграчот Агирезабала имал клаузула во договорот која го обврзувала да брани на најмалку 30% од натпреварите, во спротивно клубот мора да плати пенали на Атлетик.

Јавниот настап на Димитриевски предизвикал незадоволство кај клупските челници и соиграчите, бидејќи открил детали од договорот на соиграч во медиумите.

Пред првиот тренинг, Столе имал индивидуален разговор со тренерот Карлос Корберан, се извинил и потоа истото го направил и пред соиграчите во соблекувалната.

– „Разговаравме со Столе, прво индивидуално, а потоа и со соиграчите во соблекувалната. Тој се извини за неточните изјави, бидејќи во Валенсија никој не игра поради клаузули во договорот. Ја сфати својата грешка и им се извини на сите. Ќе биде казнет парично, што значи дека случајот е завршен“, изјави тренерот Корберан.

Escape