ПРВ.мк
Спорт

Арсенал пред хаос – двајца ѕвезди се повредени пред големото дерби со Ливерпул

Арсенал пред хаос – двајца ѕвезди се повредени пред големото дерби со Ливерпул

Арсенал славеше убедливо со 5:0 против Лидс, но наместо радост, тимот на Микел Артета доби сериозен удар. Во првото полувреме капитенот Мартин Одегард ја повреди рамото и мораше предвреме да го напушти теренот. Малку подоцна, во вториот дел, и Букајо Сака се здоби со повреда на тетивата, па беше заменет.

Иако се уште нема официјални информации за тежината на повредите, јасно е дека двајцата клучни играчи ќе паузираат одредено време. Веста доаѓа во најлош можен момент за „топџиите“, бидејќи следното коло им носи вистински фудбалски спектакл – дербито со Ливерпул.

Сега навивачите со нетрпение чекаат дали Артета ќе мора да излезе на мегдан со еден од најсилните противници без своите најважни фудбалери.

Escape