Во недела, 30 март, со почеток од 10 часот, поради одржување на атлетска трка на трасата која започнува од долниот паркинг на Средно Водно, продолжува по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Сообраќајот ќе биде пренасочен по околните патни правци, соопшти МВР.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.