Ревијална трка ќе го промени сообраќајот низ центарот на градот
Утре, 6 јуни, во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржување на ревијална трка, информираат од МВР.
Мерките ќе важат во периодот од 17:00 до 18:00 часот, а ќе ги спроведува Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, со цел безбедно и непречено одвивање на настанот.
Ова е трасата по која ќе се движи трката
Трката ќе стартува од Порта Македонија, а потоа ќе продолжи по следната маршрута:
- десно по улицата „Димитрие Чупоски“
- десно по улицата „Васил Главинов“
- право по булевар „ВМРО“
- лево по булевар „Илинден“
- до крстосницата со улицата „Наум Наумовски Борче“ кај Градски парк и споменикот на Гоце Делчев
Поради ова, сообраќајот на дел од централното градско подрачје ќе биде времено пренасочуван по околните улици.
Апел од МВР до граѓаните
Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници на терен, со цел да се избегнат застои и дополнителни проблеми во сообраќајот.










