ПРВ.мк
Скопје

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ЗЕЛЕНО ПАЗАРЧЕ: „ЕДЕН ПЛАЌА, ТРОЈЦА ИЗЛЕГУВААТ“: Откриена злоупотреба на паркинг системот!

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ЗЕЛЕНО ПАЗАРЧЕ: „ЕДЕН ПЛАЌА, ТРОЈЦА ИЗЛЕГУВААТ“: Откриена злоупотреба на паркинг системот!

Снимка од паркингот кај Зелено пазарче во Скопје открива неправилности во користењето на системот за наплата, при што, според тврдења на граѓани, повеќе возила успеваат да излезат со една платена картица.

Жител кој го забележал и снимил случајот вели дека ваквите ситуации се повторуваат и секојдневно создаваат проблеми за оние што редовно плаќаат паркинг.

„Три коли имаме, не една, три. Три коли на една картица. И ние што плаќаме, немаме каде да паркираме“, вели тој.

Според објаснувањата, дел од возачите не земаат влезна картица, со што системот не ги евидентира, а при излез повеќе возила се движат блиску едно до друго за да ја поминат рампата со една наплата.

Од ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) реагираат дека станува збор за сериозна злоупотреба на системот за контрола и наплата.

„Со еден билет се обидуваат да излезат повеќе возила едно по друго, со што се нарушува редот и се оштетува системот“, соопштија од претпријатието.

Оттаму додаваат дека случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи и дека доколку се утврди штета, таа ќе биде наплатена од сторителите.

Од ПОЦ најавуваат и дополнителни мерки за спречување на ваквите појави, вклучително поставување нови технолошки решенија како индуктивни јамки, двојни рампи и системи за препознавање регистарски таблички.

Целта, како што велат, е да се обезбеди фер и безбедно користење на паркинзите и да се спречат злоупотреби кои директно ги оштетуваат граѓаните.

ВИДЕО

ИЗВОР: Скопје1.мк

Најнови вести