Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Советот, д-р Стојанчо Рамов, потпишаа меморандум за збратимување со општина Будва, Црна Гора, која ја претставува претседателот на Советот Петар Оџиќ.

Со овој договор се воспоставува рамка за продлабочена соработка меѓу двете општини во повеќе области, меѓу кои туризам, култура, спорт, младински политики, земјоделство и економски односи. Соработката ќе се реализира во согласност со законските надлежности и прописите на двете држави.

Двете страни изразија силна волја за развивање долгорочно партнерство и размена на искуства меѓу локалните заедници. Посебен акцент е ставен на унапредување на туристичката понуда, културната размена и организирање заеднички настани во областа на спортот и културата.


Во рамки на разговорите беа разгледани и конкретни иницијативи, меѓу кои и проекти поврзани со развој на винскиот туризам и зајакнување на економската соработка.
Со ова збратимување, Кавадарци и Будва отвораат ново поглавје на пријателство и партнерство меѓу двете општини.








