Граѓаните кои денеска ќе патуваат кон Скопје или ќе се движат низ поширокото централно подрачје треба да бидат подготвени за привремени промени во сообраќајот.
Поради официјалната посета на земјава на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, СВР Скопје денеска ќе спроведе посебни мерки за регулирање на сообраќајот.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе активности со кои ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Град Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи упатуваат апел до сите граѓани кои денеска ќе бидат учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Од МВР посочуваат дека со почитувањето на поставената сообраќајна регулација и упатствата на полициските службеници ќе се придонесе за непречено одвивање на сообраќајот во периодот на посетата.










