По студените утрински часови, во Македонија следува период со стабилно, претежно сончево и постепено потопло време. Иако наутро на одредени места температурите ќе се спуштаат под нулата, во текот на денот температурите значително ќе растат, а во наредниот период може да достигнат и до 28 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денешното утро помина со ведро и студено време, при што минималните температури се движеа од -2 до 8 степени.
Во текот на денот се очекува сончево време со мала до умерена облачност, а максималните температури ќе бидат во интервал од 18 до 26 степени. Во Скопје дневната температура ќе достигне околу 25 степени.
Студените утра ќе продолжат и во следните денови. На места температурите повторно ќе се спуштаат под нулата, особено во котлините и повисоките предели, каде што ќе има услови за пониски утрински температури.
Сепак, дневната слика ќе биде значително поинаква. Според најавите, Македонија ја очекува период на стабилни временски услови, со многу сончеви периоди и постепено зголемување на дневните температури.
Во наредните денови максималните температури ќе продолжат да растат, а според прогнозите, на одредени места ќе достигнуваат и околу 28 степени.
Поради големата разлика меѓу студените утра и топлите попладниња, на одредени места температурната разлика во текот на едно деноноќие може да надмине и 20 степени.







