Денеска, околу 14 часот, во СВР Скопје било пријавено пукање од огнено оружје на улицата Војдан Чернодрински во Скопје, на подрачјето на Бит-пазар.
Полициските службеници утврдиле дека се работи за престрелка помеѓу две групи, кои броеле по пет до шест лица, а при престрелката едно лице било повредено и пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На местото на настанот полицијата пронашла повеќе чаури од оружје, а причинета е и штета на неколку изложни стакла од продавниците и околните објекти, како и на неколку паркирани возила. Во моментов се преземаат мерки за расчистување на случајот.