ПРВ.мк

Ѓорѓиевски ќе биде кум на Балаклија во Црниче наредната година

Ѓорѓиевски ќе биде кум на Балаклија во Црниче наредната година
Jumbo Banner

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес го прослави празникот Источен Петок – Балаклија заедно со жителите на Црниче, на култното место кое од минатата година е повторно достапно за јавноста. Празникот, кој се одбележува во Светлата Недела, е посветен на Пресвета Богородица и е еден од најзначајните духовни денови за православните верници.

„Нека е за многу години овој голем празник. Огромна чест ми е што следната година ќе бидам кум, тоа е дар од Бога“, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека празникот има длабока симболика, бидејќи според преданието, токму на овој ден Пресвета Богородица му ги измијала раните на Исус Христос, а водите од изворите стануваат лековити.

Градоначалникот потсети дека минатата година изворот во Црниче бил ослободен од узурпација и повторно вратен на граѓаните, уреден со содржини кои овозможуваат духовен мир, уживање и рекреација.

„Горд сум на сплотеноста на мојот народ на вакви денови. Македонија е богата земја, а нашата меѓусебна љубов и почит се таа сила што не одржува низ вековите“, порача Ѓорѓиевски, честитајќи им на сите верници со желби за здравје и бериќет.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран