ПРВ.мк
Скопје

ПРЕКИН НА СТРУЈАТА ВО СКОПЈЕ! Во понеделник без електрична енергија ќе останат овие скопски општини!

ПРЕКИН НА СТРУЈАТА ВО СКОПЈЕ! Во понеделник без електрична енергија ќе останат овие скопски општини!

Дел од корисниците во Скопје денеска ќе се соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија поради планирани технички зафати во неколку трафостаници. Прекините ќе ги опфатат одделни улици во општините Гази Баба и Ѓорче Петров, а ќе се одвиваат во различни временски интервали.

Од 8:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улиците „Цветан Димов“ и „Јајце“. Причината се планираните активности во трафостаницата „Гази Баба 8“, каде што ќе се вршат чистење, дополнување масло во кабелските глави и трансформаторот, како и проверка на расклопната опрема.

Во општина Ѓорче Петров, прекин на снабдувањето е најавен од 10:00 до 13:00 часот за корисниците на улица 37 во селото Волково.

Дополнително, од 11:30 до 14:30 часот без струја ќе останат и дел од корисниците на улиците „Коста Абрашевиќ“, „Дижонска“, „Клинска Леса“ и „Серава“.

Овој прекин е поврзан со планирани работи во трафостаницата „Даме Груев 2“. Предвидено е чистење, проверка на расклопната опрема и дополнување масло во кабелските глави и трансформаторот.

Корисниците на наведените локации треба да ги имаат предвид најавените термини за прекин на електричната енергија.

Најнови вести