ПРВ.мк
Скопје

ДЕЛ ОД СКОПЈЕ ОСТАНУВА БЕЗ ВОДА! Засегнати се корисниците од овие улици - проверете дали сте на списокот!

ДЕЛ ОД СКОПЈЕ ОСТАНУВА БЕЗ ВОДА! Засегнати се корисниците од овие улици - проверете дали сте на списокот!

Поради интервенција на водоводната мрежа, денеска без вода ќе останат корисниците на улицата „Миладин Поповиќ“, како и делови од улиците „Орце Николов“, „Никола Тесла“, „Мирка Гинова“ и булеварот „Илинден“.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот е неопходен поради замена на затворач со профил Ф-100 на улицата „Миладин Поповиќ“, кај број 15.

Работните активности ќе започнат во 9 часот наутро, а водоснабдувањето ќе биде прекинато сè до завршувањето на предвидената интервенција.

Од претпријатието посочуваат дека нормалното снабдување со вода ќе биде воспоставено по завршувањето на работите на терен.

Најнови вести