ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ПРОТИВ ДРОГАТА! Приведен 22-годишник од Македонски Брод - еве што се пронајде полицијата!

НОВА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ПРОТИВ ДРОГАТА! Приведен 22-годишник од Македонски Брод - еве што се пронајде полицијата!

Дваесет и двегодишен жител на Македонски Брод бил лишен од слобода откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла и одзела повеќе предмети и материи, меѓу кои и марихуана.

Според информациите од полицијата, на 16 октомври 2026 година, во 17:05 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Македонски Брод го лишиле од слобода С.В. (22), од Македонски Брод.

Претресот бил извршен во неговиот дом, врз основа на наредба издадена од Основниот суд во Кичево. При полициската акција биле пронајдени и одземени грутчеста материја, марихуана, шише со течна материја и хартија за тутун.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Дополнителни детали за пронајдените материи не се соопштени.

Најнови вести