ПРВ.мк
Црна Хроника

НЕЗАКОНСКИ СЕЧЕЛЕ ШУМА, ПА ГИ ТОВАРЕЛЕ ДРВАТА ВО АВТОМОБИЛИ! Полицијата приведе двајца мажи - еве колкава штета предизвикале!

НЕЗАКОНСКИ СЕЧЕЛЕ ШУМА, ПА ГИ ТОВАРЕЛЕ ДРВАТА ВО АВТОМОБИЛИ! Полицијата приведе двајца мажи - еве колкава штета предизвикале!

Две лица од струшкото село Подгорци биле лишени од слобода откако полициски службеници и припадници на Шумската полиција ги затекнале при нелегална сеча на дрва и нивно подготвување за транспорт.

На 16 октомври 2026 година, околу 17:00 часот, во месноста Подгоречки бачила, во атарот на селото Подгорци, биле приведени Е.А. (46) и Р.А. (45), двајцата жители на истото село.

При спроведување координирана акција, полициските и шумските службеници ги затекнале двајцата мажи како нелегално сечат букови стебла. Според информациите од МВР, станувало збор за вкупно 43 стебла буково огревно дрво, кои потоа ги товареле во патнички возила од марките „Опел“, „Застава“ и „Сузуки“, со намера нелегално да ги транспортираат.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по негови насоки и по целосното документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава според член 226 од Кривичниот законик, за кривичното дело „Пустошење шуми“.

Најнови вести