ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ГОЛЕМА РЕЧИЦА! Пронајдени пиштол и голема количина кокаин - еве колку лица се уапсени!

(ФОТО) ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ГОЛЕМА РЕЧИЦА! Пронајдени пиштол и голема количина кокаин - еве колку лица се уапсени!

Полицијата лишила од слобода 57-годишен жител на тетовското село Голема Речица, откако при претрес во неговиот дом и помошните простории биле пронајдени пиштол и поголемо количество пакувања со кокаин.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 октомври 2026 година, во периодот од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба бил извршен претрес кај А.А. (57). Акцијата била спроведена поради сомнение за сторено кривично дело според член 215 од Кривичниот законик.

При претресот, во една од собите во подрумскиот дел од куќата, под креветот бил пронајден пиштол од марката „Екол Дуал“ со една празна рамка.

Дополнително, во помошна просторија во склоп на куќата, во навлака од перница биле откриени 22 мали најлонски кесички со кокаин, како и една поголема најлонска кеса со истата дрога.

Од МВР информираат дека за време на претресот лицето упатувало закани кон полициските службеници. Тоа било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

По целосното документирање на случајот, против 57-годишникот ќе биде