ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО КАВАДАРЦИ! Тимот „Task Force“ приведе 35-годишник - еве што се пронајде кај него!

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО КАВАДАРЦИ! Тимот „Task Force“ приведе 35-годишник - еве што се пронајде кај него!

Припадници на мобилниот тим „Task force“ при ОВР Кавадарци лишиле од слобода 35-годишен жител на градот, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени марихуана и дигитална вага.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 октомври 2026 година, во 13:00 часот, полициските службеници го привеле А.С. (35) од Кавадарци.

Претресот бил извршен со судска наредба од Основниот суд Кавадарци, при што марихуаната и дигиталната вага биле пронајдени и одземени.

По приведувањето, лицето било задржано во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот против 35-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.