ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРЕТРЕС ПО СУДСКА НАРЕДБА ВО ВЕЛЕС! Полицијата одзела бела грутчеста материја и голема сума пари

ПРЕТРЕС ПО СУДСКА НАРЕДБА ВО ВЕЛЕС! Полицијата одзела бела грутчеста материја и голема сума пари

Педесет и тригодишен велешанец бил лишен од слобода откако полицијата при претрес на неговиот дом и други простории пронашла и одзела бела грутчеста материја, пари и мобилен телефон.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 октомври 2026 година, во 14:00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го привеле Т.М. (53) од Велес.

Претресот бил извршен со судска наредба издадена од Основниот суд Велес. При проверката биле пронајдени предметите и материјата, кои биле одземени за понатамошна постапка.

За настанот бил известен јавен обвинител, а велешанецот бил задржан во полициска станица.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.