ПРВ.мк
Црна Хроника

МОБИЛНИОТ ТИМ „TASK FORCE“ ПОВТОРНО СО ИНТЕРВЕНЦИЈА! Во дом на кавадарчанец откриени сомнителни материи

МОБИЛНИОТ ТИМ „TASK FORCE“ ПОВТОРНО СО ИНТЕРВЕНЦИЈА! Во дом на кавадарчанец откриени сомнителни материи

Четириесетгодишен жител на Кавадарци бил лишен од слобода откако при полициски претрес во неговиот дом биле пронајдени бела грутчеста материја, кафеава прашкаста материја и дигитална вага.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 октомври 2026 година, во 13:00 часот, полициски службеници од мобилниот тим „Task force“ при ОВР Кавадарци го привеле Н.А. (40).

Претресот бил извршен врз основа на судска наредба од Основниот суд Кавадарци, при што пронајдените материи и дигиталната вага биле одземени.

По приведувањето, кавадарчанецот бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава против него.