ПРВ.мк
Црна Хроника

Маж донесен крвав во Ургентниот центар, па открил ШОКАНТНИ детали! Тврди дека двајца го пресретнале и му барале пари, а еве потоа што следело!

Маж донесен крвав во Ургентниот центар, па открил ШОКАНТНИ детали! Тврди дека двајца го пресретнале и му барале пари, а еве потоа што следело!

Триесет и едногодишен маж со иницијали М. Б. бил избоден со нож во ногата синоќа во белградската населба Баново Брдо, откако, според неговото сведочење, две непознати лица му побарале пари.

По нападот, повредениот бил пренесен во Ургентниот центар, каде што му била укажана лекарска помош. Таму, според информациите, на полицијата ѝ раскажал што се случило.

М. Б. изјавил дека две непознати машки лица го пресретнале во улицата Благоја Паровиќ и побарале да им даде пари. Откако тој одбил и им се спротивставил, едно од лицата го избодело со нож во ногата.

Сепак, случајот сè уште се проверува. Според информациите, лекарите кај повредениот забележале и повреди кои укажуваат дека можеби бил вклучен и во физичка пресметка.

Полицијата ги проверува наводите на 31-годишникот и работи на утврдување на сите околности под кои дошло до инцидентот, како и на идентификување на лицата кои се осомничени за нападот.