ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРЕТРЕС ВО ОХРИД ОТКРИ НЕЛЕГАЛНО ОРУЖЈЕ! Приведен 48-годишник - еве што се одзема полицијата!

ПРЕТРЕС ВО ОХРИД ОТКРИ НЕЛЕГАЛНО ОРУЖЈЕ!  Приведен 48-годишник - еве што се одзема полицијата!

Полицијата приведе 48-годишен жител на Охрид, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени оружје и муниција што, според информациите од МВР, ги поседувал нелегално.

На 16 октомври 2026 година, во 09:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Ј. (48) од Охрид.

Претресот бил извршен во неговиот дом, врз основа на судска наредба. При полициската акција биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ со калибар од 7,65 милиметри, куршуми, како и една пушка со калибар од 4,51 милиметри.

Според МВР, оружјето било нелегално поседувано.

По целосното документирање на случајот, против 48-годишниот охриѓанец ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести