ПРВ.мк
Свет

ДРЖАВАТА НА НОЗЕ! Романија подигна шпански авиони Ф-18, жителите добија СМС-порака со ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

ДРЖАВАТА НА НОЗЕ! Романија подигна шпански авиони Ф-18, жителите добија СМС-порака со ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Романските власти денеска испратија предупредување до населението во северниот округ Тулча, откако радарските системи регистрирале воздушна цел над територијата на Украина, која се движела во правец на романската граница, северно од градот Плауру.

Според информациите што ги објави српскиот медиум „Диги24“, во акцијата за засилен надзор на воздушниот простор биле вклучени два борбени авиони Ф-18 на шпанските воздухопловни сили. Авионите полетале од 57-та воздухопловна база „Михаил Когалничеану“.

Националниот воен команден центар го известил Генералниот инспекторат за вонредни ситуации, по што биле преземени мерки за предупредување на локалното население.

Предупредувачката порака преку системот RO-Alert била испратена во 1:54 часот по полноќ, додека воздушната тревога била укината во 2:30 часот.

Од романското Министерство за национална одбрана соопштиле дека, и покрај регистрираното движење на воздушната цел во близина на границата, не дошло до навлегување во романскиот воздушен простор.

Најнови вести