ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ПРИЛЕП! Две лица приведени, при претрес во дом - еве што се пронајде полицијата!

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ПРИЛЕП! Две лица приведени, при претрес во дом - еве што се пронајде полицијата!

Две лица на возраст од 22 и 19 години биле лишени од слобода во Прилеп откако полицијата при претрес на дом пронашла марихуана, а кај едно од затекнатите лица била откриена и прашкаста материја.

Според информациите од полицијата, на 16 октомври 2026 година, во 14:17 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп ги лишиле од слобода И.П. (22) и С.Т. (19), двајцата од Прилеп.

Акцијата била спроведена врз основа на наредба издадена од Основниот суд во Прилеп. При претресот во домот на 22-годишниот И.П., полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.

Во домот била затекната и 19-годишната С.Т., кај која при извршениот преглед била пронајдена прашкаста материја.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Засега не се соопштени дополнителни детали за пронајдените супстанции.

Најнови вести