ПРВ.мк
Скопје

Посебен сообраќаен режим во Скопје во среда - ова е причината!

Посебен сообраќаен режим во Скопје во среда - ова е причината!

Од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија информираат дека во среда ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во централното подрачје на Скопје поради официјална посета на висока странска делегација.

Во земјата пристигнува претседателот на Швајцарија, Н.Е. Ги Пармелен, при што ќе се преземат засилени безбедносни мерки и привремени ограничувања во движењето на возилата.

Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај најавуваат дека ќе има пренасочувања и краткотрајни затворања на одредени улици во центарот на градот, во зависност од движењето на официјалната делегација.

Граѓаните се предупредуваат да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и да бидат трпеливи, бидејќи мерките се воведуваат со цел обезбедување безбедно и непречено одвивање на посетата.

Од МВР апелираат возачите да планираат алтернативни рути и да избегнуваат непотребно движење низ центарот на градот во текот на траењето на режимот.