ПРВ.мк
Скопје

(ФОТО) НОВА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА: Дарко Костовски го најави крајот на деценискиот проблем - еве за што е значаен овој проект!

(ФОТО) НОВА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА:  Дарко Костовски го најави крајот на деценискиот проблем - еве за што е значаен овој проект!
Kristal

Денес во населеното место Кучевишка Бара се одржа увид во изградбата на новата пречистителна станица, со присуство на Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со локалниот претставник Зоран Бајовски.

Станицата е една од најголемите капитални инвестиции за овие две населени места и ќе го реши деценискиот проблем со третман на отпадни води. Вкупната вредност на проектот изнесува 129.717.440 денари, а објектот е проектиран да прими и третира отпадни води за вкупно 5.000 жители.

Изградбата ќе се реализира во две фази: првата фаза ќе опслужува 3.000 жители, додека втората фаза ќе обезбеди дополнителен капацитет за 2.000 жители. Пречистените води ќе се испуштаат во нов колектор кој ќе води до реката Серава.

Во моментот, заедно со општина Чучер Сандево, се работи на доработка на проектната документација за фекалната канализација за двете населени места, со цел обезбедување современа и одржлива инфраструктура која носи директни придобивки за граѓаните.

Овој проект е значаен чекор кон подобрување на квалитетот на живот и заштита на животната средина во регионот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo