ПРВ.мк
Скопје

Министерството за спорт отвори нов спортски центар во општина Петровец!

Министерството за спорт отвори нов спортски центар во општина Петровец!
Kristal

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Петровец, Борче Митевски, денеска го пушти во употреба новиот мултифункционален спортски центар во населеното место Долно Коњари.

Овој проект е реализиран во рамките на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава. Со оваа инвестиција жители на Долно Коњари, особено младите, добија уреден спортски простор со терени за фудбал, ракомет и кошарка опремени со соодветни реквизити.

Министерот Ристовскиистакна дека вложувањата во спортската инфраструктура се важна основа за развој на спортот во сите средини и за поголема достапност на спортот за младата популација.

-Овој простор треба да се чува и да биде место каде младите ќе спортуваат и ќе се учат на позитивни вредности што ги носи спортот. Тоа е простор наменет за сите граѓани и сите треба да се однесуваат одговорно кон ваквите објекти за тие да останат во функција и да бидат од корист за целата заедница – рече Ристовски.

Министерството за спорт го реализира овој проект во соработка со локалната самоуправа на општина Петровец.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo