На последното сослушување во Специјалниот суд во Белград, Коста Кецмановиќ, момчето кое предизвика масакр во ОУ „Владислав Рибникар“, откри нови шокантни детали за своето однесување. Тинејџерот изјави дека, откако неговиот татко го нарекол психопат, започнал да ги проучува психопатите и целосно се поистоветил со нив. „Сметам дека е доблест да се биде ладен и без емоции“, рече тој пред судот.
Сведочењето траеше пет часа, а неговите одговори сега повеќе одат во прилог на одбраната на неговите родители, Владимир и Миљана Кецмановиќ. Коста истакна дека барањата на мајка му не влијаеле на неговата одлука за трагичниот настан од 3 мај и дека созрел до моментот кога тоа го разбрал.
Иако остана при сè што изјавил на претходното судење, неговиот нов исказ ги приспособи одговорите така што ја намалува вина кај родителите. За време на истрагата, тој бил сослушуван преку видео-врска од Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, каде што се наоѓа по извршувањето на деветкратното убиство.
Судењето е затворено за јавноста, а момчето-убиец не е кривично одговорно поради возраста и психичката состојба во моментот на делото. Признанијата за поистоветување со психопати дополнително го отвораат прашањето за психолошките процеси кои водат кон екстремно насилство и го оставаат јавноста во шок.


















