Денес, во Општина Бутел се одвиваа активности за косење и уредување на зелените површини, како дел од континуираните напори за подобрување на квалитетот на животната средина. Зеленилото не се гледа само како естетска вредност, туку како основа за поздрава и поквалитетна средина за сите жители.

Целта на локалната власт е Бутел да прерасне во општина со повеќе паркови, повеќе јавни зелени простори и места за одмор, рекреација и семејни активности. Во наредниот период се планира изградба на нови паркови и дополнително уредување на постоечките зелени површини.

Паралелно се работи на воспоставување на нов систем за одржување на зеленилото, кој ќе биде јавно претставен и ќе овозможи редовна и систематска грижа за природата.
Со овие чекори, Општина Бутел продолжува да се развива како зелена, уредна и современа општина, посветена на доброто на своите граѓани и заштитата на животната средина.























