Жена-пешак е прегазена пред малку на пешачки премин кај гимназијата „Јосип Броз Тито“ во самиот центар на Скопје. Несовесниот возач, кој управувал џип, по ударот побегнал од местото на несреќата.
Според првичните информации, жената уредно поминувала по пешачкиот премин кога била удрена, а по инцидентот е пренесена со Брза помош на лекување.
МВР ги прегледува безбедносните камери во околината со цел да го идентификува и пронајде возилото и возачот кој кукавички избегал.
Очевидци сведочат дека сцената била потресна, а еден од нив на социјалните мрежи сподели и видео од моментот по несреќата, додавајќи: „Сред Центар, да прегазиш човек на пешачки премин и да побегнеш кукавички – си најзлобното суштество.“
Полицијата најавува официјални информации по завршување на увидот на местото на инцидентот.
















