ПРВ.мк
Скопје

МЕЃУНАРОДНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ЉУБАНЦИ 2026“ ГО СОБРА УМЕТНИЧКИОТ КРЕДИТЕЛ: Сликите ќе бидат донирани во хуманитарни цели

МЕЃУНАРОДНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ЉУБАНЦИ 2026“ ГО СОБРА УМЕТНИЧКИОТ КРЕДИТЕЛ: Сликите ќе бидат донирани во хуманитарни цели

Во организација и под целосно финансиско покровителство на Општина Бутел, свечено започна 16-тото издание на традиционалната Меѓународна ликовна колонија во Љубанци.

Годинава, оваа значајна културна манифестација ќе трае 7 дена, а на неа учествуваат 15 реномирани ликовни уметници од Македонија, како и од соседните земји – Република Бугарија и Република Србија.

Спој на искуството и младоста: Над 40 ученици твореа со мајсторите

Посебен белег на овогодинешното издание му даде учеството на најмладите. Повеќе од 40 талентирани ученици од основните училишта во Општина Бутел имаа единствена можност да творат, да учат нови техники и да сликаат рамо до рамо со докажаните уметници.

Сликите со благородна мисија – Донација од Општина Бутел

Ова издание на колонијата има и силна хуманитарна и општествена димензија. Сите уметнички дела кои ќе бидат создадени во текот на овие седум дена, Општина Бутел ќе ги донира таму каде што е најпотребно.

„Ја продолжуваме убавата традиција и во континуитет инвестираме во културата и културните настани. Преку поддршката на вакви манифестации, значително ги збогатуваме културните содржини и му даваме препознатлив белег на општествениот живот во Општина Бутел“, се наведува во соопштението.

Најнови вести