ПРВ.мк

Меџити: Во Чаир се реализира мега-проект вреден речиси 1,5 милиони евра

Меџити: Во Чаир се реализира мега-проект вреден речиси 1,5 милиони евра
Jumbo Banner

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити заедно со градоначалникот на Чаир Висар Ганиу присуствуваше на започнување на градежните работи за реконструкција на водоводниот и канализацискиот систем во населбата Дижонска, општина Чаир, во вредност од 88 милиони денари владин грант.

Меџити пред присутните жители истакна дека со реализацијата на овој мега-проект вреден речиси 1,5 милиони евра, ќе се изврши реконструкција на водоводната, канализациската и атмосферската мрежа на улиците 15 и 17, проект што ќе поврзе 16 улици во населбата Дижонска со нов водовод и канализација.

‘Само со овој повик минатата година, Чаир доби близу 3 милиони евра од Владата, додека над 8 милиони евра во проекти беа добиени на почетокот на оваа година, што значи дека за 10 месеци владеење, доделивме над 11 милиони евра грантови за Општина Чаир, од 0 денари доделени од претходната Влада во 2022, 2023 и првата половина од 2024 година, сè до падот на корумпираната Влада со функционери на американската црна листа”, изјави првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити .

Меџити истакна дека Владата инвестира во сите општини и ги  завршува работите кои требало да бидат завршени многу порано, а како пример го ја зеде општина Чаир за која според него, имало 3 годишна блокада.

Градоначалникот на Чаир Висар Ганиу упати благодарност до Владата и до првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити за поддршката во подобрувањето на условите за живеење на жителите на општина Чаир.

Овој проект е дел од потпрограмата на АА за инфраструктурни проекти во општините за 2024 година од Владата на Република Северна Македонија, со 100% грант средства од Владата.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран