ПРВ.мк

Ѓорѓиевски бара итна реакција од Градот Скопје по еколошката хаварија во Пинтија

Ѓорѓиевски бара итна реакција од Градот Скопје по еколошката хаварија во Пинтија
Jumbo Banner

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, упати остар апел до Градот Скопје и надлежните институции по денешната еколошка хаварија што се случи во населбата Пинтија. Причина за инцидентот е истекување на хемикалии во објект за производство на стиропор, кој поседува одобрен елаборат за заштита на животната средина издаден од Градот Скопје на 31 декември 2021 година, со број 08-10300/4.

„Апелирам до Градот Скопје кој го издал елаборатот за работа и до сите надлежни институции да преземат мерки согласно Законот, во рамки на своите надлежности“, порача Ѓорѓиевски.

Иако хаваријата не е во надлежност на локалната самоуправа, општината Кисела Вода, во координација со Противпожарната бригада од Скопје, веднаш реагираше со обезбедување пилевина и песок за спречување на понатамошно пролизгување на хемикалиите.

Инспекциските служби од Кисела Вода биле веднаш испратени на терен, каде што било утврдено дека хемикалиите истекле преку оштетен вентил во текот на производствениот процес.

Ѓорѓиевски увери дека граѓаните немаат причина за вознемиреност, бидејќи, како што истакна, општината навремено презела сите потребни мерки за заштита.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран